Скопје се подготвува за спортскиот спектакл: Последна шанса за пријавување на „Виз Ер Скопски маратон 2025“
12/09/2025 23:14
Одбројувањето за најголемиот спортски настан во Македонија е во тек – на 5 октомври главниот град повторно ќе биде во знакот на Виз Ер Скопскиот маратон. Организаторите потсетуваат дека регистрациите се отворени до 19 септември, што значи дека остануваат уште само неколку дена за обезбедување место на стартната линија.
Маратон, полумаратон, штафета или трка на 5 километри – секој избор е шанса за учесниците да ја почувствуваат уникатната атмосфера што ја носи маратонот. Настанот не е само спортска трка, туку и вистински празник на истрајноста, спортскиот дух и заедништвото, кога улиците на Скопје се исполнети со енергија и позитивна еуфорија.
Секој пријавен добива богат стартен пакет кој вклучува ваучер од 20 евра од Wizz Air (за учесниците на трката од 5 км ваучерот важи со присуство на стартот), практична торбица, бесплатни фотографии, медал за финиширање на дисциплините, освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување за време на настанот и дополнителни изненадувања од партнерите.
За сите заинтересирани, пријавувањето се врши онлајн на официјалната страница
skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje.






