MKinformer

your daily dose of news

Завршен рокот за кандидатски листи: Поднесени 887 пријави за локалните избори

14/09/2025 22:04

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за претстојните локални избори, во 80 општини и во Градот Скопје се доставени вкупно 887 листи – 312 за градоначалници и 575 за советници, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Листите се поднесени како од политички партии, така и од групи избирачи.

Најголема конкуренција се очекува во главниот град. За функцијата градоначалник на Град Скопје се пријавени 18 кандидати, додека за Советот на Градот Скопје се поднесени 20 листи.

Според Роковникот за локалните избори 2025 година, општинските изборни комисии (ОИК) веднаш по приемот на листите ги доставуваат до надлежните институции за проверка на законските услови, најдоцна до 14 септември. По завршување на контролата и отстранување на евентуални пропусти, потврдените листи ќе бидат доставени до ДИК за утврдување на нивниот редослед на гласачкото ливче, најдоцна до 20 септември.

По завршувањето на целата постапка, ДИК ќе ја објави конечната листа на кандидати за сите општини кои ќе учествуваат на локалните избори во октомври.

error: Содржината е заштитена од копирање !!