MKinformer

your daily dose of news

Александар Трајановски: Канцерот не е во воздухот, во институциите ни е!

14/09/2025 21:28


Во изминативе месец дена , само на територија на Скопје имаме многу пожари кои повеќе од очигледно се подметнати.

Од власта и институциите граѓаните не добиваат апсолутно никаква превентивна заштита и дејствување, туку само политизација на проблемот, причините и партиско препукување како да не го дишеме сите истиот воздух.

Нема да навлегувам во тоа дали станува збор за пресметки и заплашување во бизнисот со отпадот, ниту дека некој смета дека ако се тргне Вардариште ќе може да продава поскап квадрат во зградите кои се градат во непосредна близнина, но повеќе од сигурно дека на овој град му е потребна комунална полиција.

Едноставно мора повторно да го наметнеме ова прашање доколку сакаме на граѓаните да им понудиме превентивно решение, вистинска борба со загадувачите на животната средина, и секако измени на законот за извршување на санкции.

Ова не е политичка тема, туку прашање за нашето здравје и иднина.

Напиша на својот фејсбук профил Александар Трајановски, кандидат за Градоначалник на Град Скопје од коалицјата ГРОМ, ЛДП. ПЦЕР и Интегра

error: Содржината е заштитена од копирање !!