MKinformer

your daily dose of news

Левица единственa со кандидати Македонци во Струга, Тетово и Гостивар

14/09/2025 2:33

Левица со гордост објави дека е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок што излегува со сопствени кандидати за градоначалници во општините Струга, Тетово и Гостивар.

Во Струга, кандидат е пратеничката Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица и дипломиран безбедносен експерт. Нејзиното долгогодишно искуство и ангажман во јавниот живот се гаранција за борба за интересите на граѓаните и решавање на реалните проблеми со кои се соочува општината.

Во Тетово, за градоначалничка е предложена д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки и универзитетски кадар. Таа со својата професионална и академска тежина се залага за враќање на законитоста и вистинско владеење на правото.

Во Гостивар, кандидат е младиот професионалец Дарко Грујоски, ИТ-специјалист и дипломец по компјутерски науки. Неговата визија е подобрување на јавните услуги и зголемена транспарентност преку современи технолошки решенија.

Додека другите партии прават компромиси и отстапуваат од сопствените кандидати поради коалициски договори, Левица јасно и недвосмислено покажува дека стои цврсто зад интересите на македонскиот народ. Со овој потег, Левица ја нагласува својата одлучност да ја брани националната самобитност и демократските вредности во западниот дел на државата.

Кандидатите на Левица се луѓе со кредибилитет, знаење и јасна програма. Тие ќе работат на темели на идеологија и професионализам, а не на етнички пазарења и клиентелизам.

Овие избори претставуваат шанса за сите граѓани што сакаат промени да се обединат и да ја поддржат политиката на чесност, компетентност и вистински вредности.

error: Содржината е заштитена од копирање !!