MKinformer

your daily dose of news

Полицијата со повеќе акции низ земјата: Уапсени 1 педофил во Битола и 8 ситни дилери на дрога во Скопје

21/09/2025 14:58

На 21 септември 2025 година, во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С. (68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“ (чл.188 ст.1 од Кривичниот законик). Според пријавата, делото било извршено во хотел во Битола врз 12-годишно девојче. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на ноќта 20/21 септември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации привеле осум лица: В.С. (48), Д.А. (37), Л.Ж. (20), И.С. (32), А.Ј. (28) и Т.А. (22), сите од Скопје, Т.А. (33) од Кочани и Б.П. (44) од Велес. Кај нив била пронајдена и одземена грутчеста материја, бела тврда материја, бела прашкаста материја и марихуана. Случаите се целосно документираат, по што ќе следуваат кривични поднесоци.

Истиот ден, во 21:00 часот, во СВР Скопје бил пријавен физички напад. Г.С. (33) од Скопје пријавил дека околу 14:15 часот, на подрачјето на општина Аеродром, неговата сопруга В.А. (23) и нивната едногодишна ќерка биле нападнати од женско лице кое употребило тврд предмет, а потоа со остар предмет им упатило и закани. Според пријавата, кога Г.С. се обидел да ги заштити, бил нападнат од машко лице со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Пишува во билтенот на МВР за минатото деноноќие

error: Содржината е заштитена од копирање !!