Мециновиќ: Левица нуди силни кандидати и визија за подобри општини
21/09/2025 14:00
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во својата изјава за ТВ Шења истакна дека актуелната власт наметнува наратив кој, според него, е спротивен на демократските принципи и го ограничува правото на опозицијата да настапи со свои кандидати.
„Се создава антидемократска клима што претставува аларм за тоа дали изборите ќе се одвиваат во вистинска демократска атмосфера“, нагласи Мециновиќ.
Тој додаде дека и покрај обидите на ДПМНЕ да ја ослабне опозицијата, Левица има подготвени и квалитетни кандидати за управување со општините. Како пример го посочи кандидатот за градоначалник на Струга, пратеничката Јована Мојсоска, за која верува дека со својот капацитет и енергија може да придобие голем број граѓани.
„Нашата цел е да понудиме вистинска алтернатива и решение за проблемите во општините. Тие кои ги уништија финансиските и животните услови на локално ниво сега сакаат да избегнат одговорност. Ние, напротив, сме подготвени да се соочиме со граѓаните и да ги претставиме нашите решенија“, истакна Мециновиќ.
Со ова Левица испраќа порака дека ќе настапи со силни кандидати и јасна платформа за подобра иднина на општините и граѓаните.






