MKinformer

your daily dose of news

Управниот суд ја потврдија законитоста на ОИК Бутел: Одбиена кандидатурата на Емини за градоначалник на Бутел

23/09/2025 1:50

Кандидатурата на Бехар Емини за градоначалник на Бутел, предложена од коалицијата Вреди, беше одбиена и од Општинската изборна комисија и од Управниот суд. Иако одлуката беше заснована врз јасни законски аргументи, Емини се обиде случајот да го претстави како политичка неправда.

Преку социјалните мрежи, Емини тврди дека кандидатурата му е одбиена заради „мало задоцнување“ во доставувањето документи и дека судот бил составен од судии назначени од „претходната власт“. Ваквите изјави не само што се неосновани, туку се и обид да се прикрие сопствената неажурност и непочитување на законските процедури.

Управниот суд даде прецизно образложение: на денот на кандидатурата, во личната карта на Емини било заведено живеалиште во Чаир, а не во Бутел. Дури откако кандидатурата била одбиена, тој приложил нова лична карта со адреса во Бутел, издадена на 12 септември – со што фактички се потврди дека првично не ги исполнувал условите.

Општинската изборна комисија Бутел постапи транспарентно и строго според правилата, овозможувајќи целосна правичност за сите кандидати. Управниот суд, пак, со својата одлука ја потврди законитоста на постапката, демонстрирајќи независност и професионалност.

Со ова, Емини останува без право на кандидатура, а институциите испратија јасна порака дека изборниот процес ќе се води по исти правила за сите и дека нема простор за импровизации или политички притисоци и манипулации.

error: Содржината е заштитена од копирање !!