MKinformer

your daily dose of news

Исмаил предупредува: Денес ембарго, утре затвор за Левица!

24/09/2025 21:55


Во реакција на наводното медиумско ембарго за Левица, политичарот Реџеп Исмаил предупреди дека тоа не е само ограничување на јавното изразување, туку чекор кон забрана на партијата и потенцијален затвор.

Тој истакна дека ако се дозволи такво ембарго, следниот чекор би бил забрана на учество во избори, со цел да се замолчат критичките гласови. Усогласувањето помеѓу медиумите и властите за „контрола на информацијата“ според Исмаил води кон опасен чекор надолу кон авторитаризам.

Според него, демократските права и слободата на говор се загрозени кога една партија се исклучува од јавниот дискурс. Тој повика на мобилизација на јавноста и на демократските сили за заштита на изборниот процес и правото на избор на сите политички субјекти.

„АВМУ, под диктат на Владата на Мицковски, со тепе-такла спроведување на Законот, за платено политичко рекламирање на партии со 1 пратеник ќе додели 300.000 евра ама на Левица, која има 6 пратеника ќе додели 0 денари за платено политичко рекламирање.

Патем, тоа рекламирање (ТВ, радија и портали) не можеш да го спроведеш со пари од партиска сметка. Така што Левица комплетно ќе биде исклучена од овие медиуми.

Што е следно: Забрана за учество на избори, затвор за раководството, забрана за политичко делување…?“ – напиша Исмаил.

error: Содржината е заштитена од копирање !!