MKinformer

your daily dose of news

Безбедност или репресија? Од денес стартува новиот закон за пешаците и велосипедистите

26/09/2025 8:47

Денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои на хартија треба да ја зголемат безбедноста на пешаците и возачите на лесни возила. Но, јавноста веќе отвора прашања, дали казните за слушалки и мобилни телефони се навистина приоритет или властите повторно ја префрлаат одговорноста врз најобичните граѓани, наместо да се справат со длабоките инфраструктурни и системски проблеми во сообраќајот.

Со новите правила, пешаците ќе мора да преминуваат улици и велосипедски патеки без слушалки во двете уши и без користење телефони, таблети или смарт часовници. Истото ограничување важи и за велосипедисти, мопедисти, моторџии, како и возачи на електрични тротинети, освен ако користат специјализирани уреди во заштитни шлемови.

Казните се предвидени: 40 евра за пешаци и 50 евра за возачи на велосипеди и тротинети. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот уверува дека мерките се неопходни за да се намали бројот на несреќи и да се спасат човечки животи.

Но, критичарите потсетуваат: патиштата се полни со дупки, велосипедските патеки се недоволни или небезбедни, а контрола врз дивите возачи речиси и да нема. Во такви услови, новите казни изгледаат повеќе како начин да се полни буџетот отколку сериозен чекор кон поголема безбедност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!