Скопје трча со срце: Рекорден број учесници на 21. Виз Ер скопски маратон
05/10/2025 9:23
Со рекорден број учесници, утрово стартуваше 21. Виз Ер скопски маратон. Над 14.000 тркачи од земјата и светот се натпреваруваат во четири дисциплини – маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на 5 километри.
На маратонот учествуваат 477 тркачи од 40 држави, а меѓу фаворитите се маратонците од Кенија и Дарио Ивановски, најдобриот македонски тркач.
Стартот беше пред Собранието, а финишот за сите дисциплини е на Плоштад Македонија. Генерален покровител е Министерството за спорт.
Поради маратонот, во Скопје важи посебен режим на сообраќај, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките на полицијата.






