MKinformer

your daily dose of news

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК: Македонија во тага по загубата на голем уметник

14/10/2025 14:06

По долга и тешка борба со последиците од тешките повреди, згасна животот на познатиот македонски пејач и член на групата ДНК – Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо.
Оваа тажна вест ја потресе македонската јавност и музичката сцена, која загуби еден од своите најпрепознатливи и најискрени гласови.

Панчо ја загуби битката со повредите кои ги здоби во трагедијата што се случи на 16 март 2025 година во Кочани, каде животите ги загубија повеќе лица. Со неговото заминување, бројот на жртви од оваа несреќа се искачи на 63.

Од Јавното обвинителство потврдија дека информацијата е точна и дека ќе биде издадена наредба за обдукција, бидејќи постапката беше привремено прекината поради неговата здравствена состојба.

Редакцијата на МК ИНФОРМЕР изразува најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и сите што го сакаа и почитуваа Владимир Блажев – Панчо.
Неговата музика ќе остане траен белег во колективната меморија на Македонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!