MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски со достоинствен настап во „Топ Тема“, Лукаровски избега од соочување и одговори пред граѓаните на Карпош

30/10/2025 9:40

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма, актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за нов мандат од коалицијата „Искуство за успех“, Стевче Јакимовски, одржа смирен, аргументиран и достоинствен настап, иако неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукаровски, не се појави на дебатата. Телевизијата потврди дека Лукаровски воопшто не се одзвал на поканата, што многумина го оценија како бегство од јавна одговорност пред жителите на Карпош.

Јакимовски уште еднаш ја нагласи својата посветеност на транспарентноста и чесното водење на општината, истакнувајќи дека граѓаните најдобро знаат кој стои зад реални резултати и кој зад политички манипулации. Тој посочи дека пресудата на Основниот кривичен суд, со која е првостепено осуден на три и пол години затвор, е политички мотивирана и „нарачана“ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема збор за општинската зграда, туку за општински бараки. Пресудата е резултат на политички притисок, а граѓаните тоа го гледаат. Очекувам Апелациониот суд да ја врати на повторно разгледување, затоа што немам никаква вина“, изјави Јакимовски, додавајќи дека овој случај е класичен пример на политички прогон.

Тој истакна дека верува во судии кои си ја знаат работата и дека правдата ќе излезе на виделина. „Знам што правам, ги познавам законите и сум осуден само на божја правда“, рече Јакимовски.

Во однос на споменувањето на неговото име во контекст на американската „црна листа“, тој со мирен тон одговори дека тоа повторно е инструмент на политичка злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледно е кој ја користи таа тема. Но граѓаните на Карпош знаат кој им нуди реални решенија и квалитетни услуги“, додаде тој.

И додека Јакимовски храбро се соочи со сите прашања и напади, Лукаровски, по којзнае кој пат, избегна јавна дебата, оставајќи впечаток на кандидат кој бега од одговорност.

Со своето искуство, стабилност и јасна визија за развој на општината, Стевче Јакимовски уште еднаш потврди дека останува симбол на доследност и чесно лидерство во Карпош.

error: Содржината е заштитена од копирање !!