MKinformer

your daily dose of news

🗳️ Апасиев: „ВМРО стагнира, Левица дуплира – Скопје се разбуди“

03/11/2025 11:02

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вечерва изјави дека кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, во вториот изборен круг освоил 30.500 гласови повеќе отколку во првиот, што, според него, претставува 100-процентно зголемување на поддршката.

„Тоа покажува дека опозициските тенденции се престројуваат зад Левица. Ако треба со еден збор да го опишам вториот круг – ВМРО стагнира, Левица дуплира“, изјави Апасиев.

Тој додаде дека Левица е прва партија во Скопје, пред ВМРО-ДПМНЕ, особено во општините Центар, Карпош и урбаниот дел на Аеродром.
„Две третини од скопјаните не гласаа, што е неинтелигентно решение,“ нагласи Апасиев.

Апасиев го повика СДСМ да се престрои зад „барјакот на Левица“, со цел, како што рече, „заеднички да го поразат ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори“.

Тој исто така откри дека партијата потрошила 16.000 евра за рекламирање на Фејсбук, и ја заврши изјавата со порака:

„Скопје се разбуди. На следните парламентарни избори Левица ќе претендира да биде прва партија во главниот град. Скопје ќе биде црвено,“ порача Мециновиќ, заблагодарувајќи им се на сите гласачи што ја поддржаа партијата.

Во првиот изборен круг, Мециновиќ освои 30.665 гласа, а во вториот круг повеќе од 61.000 гласа, според податоците од изборните комисии.

error: Содржината е заштитена од копирање !!