🚰 Дел од Центар и Карпош денеска без вода поради дефекти
05/11/2025 8:44
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска дел од граѓаните во општините Центар и Карпош ќе останат без вода поради интервенции на терен.
📍 Центар:
Поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09:00 часот па сѐ до отстранување на дефектот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската резиденција.
📍 Карпош:
Во исто време, поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, без вода ќе останат жителите на улицата Девол во општина Карпош, информираат од ЈП Водовод и Канализација.
Од претпријатието додаваат дека екипите се на терен и работат на санација на дефектите, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано.




