MKinformer

your daily dose of news

Убиство во Чашка: Го однел со кола до селото, а за тоа добил куршум во глава

07/11/2025 10:31

Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека заедно со уште едно, засега непознато лице, сторило кривично дело убиство, казниво по член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од обвинителството, на 5 ноември 2025 година, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот го намамил велешанецот Ѓело Ѓошев, кого со својот автомобил го однел на локацијата.

Таму, заедно со друго лице кое сè уште не е идентификувано, пукале во него со огнено оружје, при што жртвата добила прострелна рана во главата и починала на лице место.

Од досегашната истрага произлегува дека осомничениот и претходно бил осудуван за разбојништво. По извршеното убиство, се обидел да ги прикрие трагите и да влијае врз понатамошната истрага.

Јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците, како и ризик да го повтори делото, поради што до судот беше доставен предлог за определување мерка притвор.

Полицијата, по наредба на обвинителството, продолжува со интензивна истрага за откривање на вториот соизвршител и утврдување на мотивите за убиството.

error: Содржината е заштитена од копирање !!