Продолжува судењето за случајот со барање мито од 20.000 евра за болнички прием на Геријатрија
10/11/2025 17:57
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против двајца обвинети во случајот за примање и посредување при мито. Судењето го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.
Обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Според обвинителниот акт, првообвинетиот Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Второобвинетиот Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува во зделката и ја примил паричната сума, при што бил фатен од полицијата на самото место.
Судењето ќе продолжи на 24 ноември со испитување на сведоци предложени од одбраната.


![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



