Обилен дожд го поплави Тетово: ЦУК предупредува за внимателно движење
18/11/2025 11:57
Интензивните врнежи од дожд кои го зафатија западниот дел на земјата, особено Полошкиот регион и Општина Тетово, предизвикаа проблеми со апсорпцијата на атмосферската и фекалната канализација во урбаните делови на градот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Поради ограничената пропустливост на канализациските системи, на повеќе локации се создадоа задржувања на вода, а под подвозниците и надвозниците се формираа поголеми водени површини кои го отежнуваат сообраќајот.
ЦУК апелира граѓаните да движат со зголемена внимателност, како и да избегнуваат сообраќај кон најпогодените делови од патната инфраструктура додека траат интервентните активности.
Надлежните екипи веќе се на терен и работат на расчистување и нормализирање на состојбата.






