(Видео)Зголемено ниво на Лепенец во Ѓорче Петров – надлежните уверуваат дека нема опасност од излевање
20/11/2025 11:40
По неколкудневните интензивни врнежи, реката Лепенец во скопската општина Ѓорче Петров забележува повисоко водостој, но според надлежните институции засега нема опасност од излевање.
Градоначалникот Александар Стојкоски, кој вчеравечер беше на терен, информираше дека ситуацијата внимателно се следи и дека сите служби се подготвени доколку има промени.
„Општинскиот кризен штаб е во постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Град Скопје. Преку мерната станица во Орман ја следиме состојбата во реално време. Граѓани, бидете спокојни – подготвени сме за секоја ситуација“, порача Стојкоски.
🌧️ Надлежните службеници на готовс
Од општината нагласуваат дека:
-
водостојот е зголемен, но сѐ уште во безбедни рамки,
-
се работи континуирана координација меѓу сите институции,
-
се следат хидролошките податоци од мерната станица,
-
е подготвен план за брза интервенција ако состојбата се влоши.
Граѓаните се повикуваат да останат смирени и да го следат официјалното информирање, без ширење непроверени информации.
🌊 Циклонскиот бран продолжува
Поради продолжените врнежи и очекуваните нови дождови во наредните денови, службите остануваат максимално активирани. Се очекува состојбата да продолжи да се следи со засилен интензитет, особено во деловите каде што Лепенец традиционално создава ризици.





