MKinformer

your daily dose of news

Револуционерен тест предвидува ризик од рак, дијабетес и деменција една деценија однапред

20/11/2025 13:17

Истражувачи од Велика Британија развија напреден крвен тест што може да открие рани знаци на болести повеќе од една деценија пред да се појават првите симптоми. Како што пренесува The Guardian, тестот се базира на детални молекуларни профили на крвта и овозможува предвидување на ризикот од сериозни заболувања како дијабетес, срцеви болести, рак и деменција.

Овој пробив е дел од големата студија на UK Biobank, која анализирала скоро 250 различни протеини, шеќери, масти и други молекули во крвта на околу половина милион волонтери. Со комбинирање на овие податоци со медицински досиеја и регистри на смртност, научниците добиле исклучително точна слика за физиолошките промени што претходат на сериозни заболувања.

Д-р Џој Едвардс-Хикс од Универзитетот во Единбург објаснува дека ваквите рани предиктори може да ја променат медицината од темел.

„Ако имаме рани предупредувачки знаци на болест, можеме да го информираме лицето уште во неговите 40-ти години за зголемениот ризик и да препорачаме промени во животниот стил“, истакнува тој.

Тестот ги анализира метаболитите во крвта за шеќери, аминокиселини, масти, хормонски прекурсори и метаболички отпадни супстанции. Промените во нивните нивоа можат да укажат на рано оштетување на органите:

  • покачен амонијак, можен проблем со црниот дроб,

  • зголемена уреа и креатинин, рани знаци на заболување на бубрезите.

UK Biobank, кој започна со собирање волонтери во 2006 година, денес претставува еден од најголемите научни ресурси во светот. Комбинирањето на медицински картони, скенови и метаболички профили им овозможува на научниците да ги следат болестите од нивниот најран развој и да ја проценат ефикасноста на различни терапии.

error: Содржината е заштитена од копирање !!