MKinformer

your daily dose of news

(Документи) „Рома“ го демантира Јанчев: Јавноста со право се сомневаше дека официјалното соопштение нешто прикрива

24/11/2025 10:51

Јавноста, која од самиот почеток се сомневаше во официјалното образложение за прекинувањето на настапот на музичката ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци, очигледно имала основа за таквите сомнежи. Кафулето „Рома“, каде што се одржувал настапот и каде што пејачот беше уапсен, денеска остро ги демантираше наводите на градоначалникот Митко Јанчев за пропусти од страна на институциите.

Во демантот, сопственикот на „Рома“ вели дека институциите објавиле информации кои не ја отсликуваат вистинската состојба, оставајќи впечаток дека соопштението послужило за прикривање на реалните причини за интервенцијата.

„Ги демантирам сите изјави и пишувања поврзани со наводни прекршувања од УЈП, ДПИ, Инспекторатот за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци. Од наша страна не е сторено ниту едно прекршочно дело“, стои во реакцијата.

Од „Рома“ појаснуваат дека објектот бил издаден под наем на друг правен субјект, кој ја презема целата правна одговорност. Истовремено нагласуваат дека Аца Лукас имал уреден влез и престој, што, како што наведуваат, го потврдил и судијата во Основниот суд во Кавадарци.

Настапот бил организиран како промоција на неговата криптовалута, додека тротоарот за кој било побарано користење од Општината не бил употребен, бидејќи барањето било одбиено.

Инспекции од УЈП и ДПИ спровеле контрола и, како што стои во демантот, ќе поднесат поднесоци за неправилности исклучиво кон правниот субјект кој го изнајмил објектот.

Кафулето дополнително посочува дека навреме поднело барања до Општината, Пожарната служба, болницата и Полициската станица, барајќи нивно присуство поради очекуваниот голем број посетители и дека ги исполнувале сите напатствија од институциите.

Со овие информации, реакцијата на „Рома“ повторно го отвора прашањето: дали институциите со почетните соопштенија се обиделе да прикријат дел од вистината, токму како што претпоставуваше јавноста?

error: Содржината е заштитена од копирање !!