MKinformer

your daily dose of news

Изборниот законик повторно заглавен – неопходни итни реформи пред следните избори

27/11/2025 13:52

Иако политичките партии јавно повикаа дека изборните правила мора итно да се усогласат, процесот на измените на Изборниот законик повторно е во застој. Спикерот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека моментално се чека одговор од Министерството за правда дали ќе понуди целосно нов Изборен закон или само пакет измени на постојната регулатива.

Но, суштината останува иста – неопходно е веднаш да се решат неколку клучни прашања кои долго време ја блокираат изборната транспарентност и функционалноста на државата:

  • Промена на моделот од шест изборни единици во една изборна единица

  • Намалување на бројот на пратеници од сегашните 120 на 90

  • Темелно прочистување на Избирачкиот список

  • Реформа на државното финансирање на изборните кампањи

  • Зацврстена регулација на онлајн медиумите и политичкото рекламирање

Дополнително, потребно е да се ревидира и начинот на функционирање на институциите од моментот на распишување на изборите до затворањето на гласачките места. Според сегашниот модел, државата буквално запира во клучните процеси заради ограничувањата на привремените правила.

Стручната јавност и дел од политичките субјекти предупредуваат дека не е клучно дали Македонија ќе добие нов закон или измени на постојниот, туку дека реформите мора да се усвојат што е можно побрзо. Во спротивно, државата ризикува следните избори повторно да се одржат под застарени правила кои во пракса се покажаа како нефункционални.

error: Содржината е заштитена од копирање !!