MKinformer

your daily dose of news

Илир Демири ја напушта коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ и ќе делува како независен пратеник

29/11/2025 23:56

Пратеникот Илир Демири од денес ќе делува како независен парламентарец, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Демири беше избран во шестата изборна единица како дел од крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, кое настапи во рамки на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.

Неговата одлука следува по најавата на Села дека ја напушта коалицијата со ДУИ и дека партијата ќе продолжи да дејствува самостојно. Централното претседателство на Алијанса за Албанците веќе донесе едногласна одлука партијата да функционира автономно, а пратениците во Собранието да формираат независна пратеничка група.

Илир Демири во претходниот владин состав ја извршуваше функцијата министер за здравство од февруари до јуни 2024 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!