Кафеави, сини, зелени или медени, кој тип на очи е најопасен?
30/11/2025 10:17
Иако науката тврдоглаво си стои на ставот дека меланинот ја одредува бојата на очите, а не карактерот, народот никогаш не престана да „чита“ личности преку зениците. Па така, ако сакате да дознаете со каков маж имате работа, само погледнете го право во очи… и не заборавајте да се насмеете, затоа што следново звучи како хороскоп за ириси.
Кафеави очи: топлина, искреност и… висок сексуален нагон?
Кафеава е најчестата боја на планетава, но според народната психоанализа, и нај„човечката“. Мажите со кафеави очи наводно се топли, чувствителни и искрени, а често ги опишуваат и како креативни земјени знаци. Бонус: наводно имаат и изразен сексуален нагон. Значи, ако ве гледа со кафеави очи, можеби ви се смешка и нешто повеќе.
Сини очи: мирни вода, но длабоки и опасни
Маж со светло сини очи може да делува како да е исклучен од струја: смирен, ладен и малку одсутен. Но, според „традиционалната мудрост“, во нив тлее драматична внатрешна турбуленција. Тие избегнуваат конфликти, но во љубов знаат да изненадат со силен интензитет. Мал проблем: склони се кон пороци. Малку како да датирра од скандинавски криминал-серија.
Зелени очи: ретки, заводливи… и опасно шармантни
Само 2% од луѓето имаат зелени очи, а според многумина, токму тие 2% прават проблеми. Харизматични, привлечни и тешко одбивливи, мажите со зелени очи често се перцепираат како природни манипулатори и мајстори на белите лаги. Но барем ќе ви биде забавно додека трае!
Боја на мед: фатални и недофатливи
Медните очи изгледаат како филтер што Инстаграм сè уште не успеал да го копира. Комбинацијата од кафеав пигмент и бакарен сјај создава „фатален“ ефект – такви мажи често се страсни, амбициозни и натпреварувачки настроени. Единствената маана? Брзо освојуваат, а уште побрзо преминуваат во следната авантура. За да им го задржите вниманието, треба уметност, диплома и веројатно малку магија.



