Освен таткото приведни сестрата и „мисицата“ на кравите од Крива Паланка
03/12/2025 12:51
Според полицијата, освен таткото приведени се и двете ќерки сопственички на кравите кои ја тероризираат Крива Паланка и околината изминатиот периот, поради попречување на полициски службеници и вработени во АХВ.
Три лица од Кривопаланечко вчера биле лишени од слобода поради попречување на полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за време на извршување службени дејствија. Инцидентот се случил на 02.12.2025 околу 16:00 часот во село Трново, на местото викано „Самоков“.
Полициските службеници од Полициската станица Крива Паланка ги уапсиле Г.Ѓ. (57), А.Ѓ. (30) и А.Ѓ. (22), сите од село Жидилово. Според информациите, тие агресивно се однесувале, ги попречувале полицајците кои давале асистенција на екипи на АХВ, а истовремено ги попречувале и вработените во Агенцијата кои биле ангажирани за собирање крупен добиток. Осомничените упатувале и закани кон неколку жители од селото.
За случајот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.






One thought on “Освен таткото приведни сестрата и „мисицата“ на кравите од Крива Паланка”
Comments are closed.