MKinformer

your daily dose of news

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција во висина од 650.000 евра

03/12/2025 14:27

Поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска е официјално обвинета за процедурална измама и корупција во врска со договорот за обука на идни дипломати во академијата „Колеџ Европа“, институција што таа моментално ја води. Обвинението следува еден ден по нејзиното приведување и испрашување од белгиската полиција, по што во текот на ноќта била ослободена.

Истражителите се фокусираат на сомневања за измама во програмата за обука на помлади дипломати финансирана од Европската Унија, која Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) ѝ ја доделила на „Колеџ Европа“ за 2021 и 2022 година. Се испитува дали тендерот бил наместен во корист на колеџот, што би претставувало сериозно прекршување на процедурите за јавни набавки.

Могерини е на чело на „Колеџ Европа“ од 2020 година, а во 2022 година ја презеде и функцијата раководител на Дипломатската академија на ЕУ. Според информациите објавени од France24, повикувајќи се на европски извори, договорот под истрага изнесувал околу 650.000 евра.

Овој случај ја отвора една од најголемите афери во европските дипломатски институции во последните години, а истрагата продолжува со нови испрашувања и собирање докази.

error: Содржината е заштитена од копирање !!