MKinformer

your daily dose of news

Сообраќајна незгода го затвори патот Караорман – Штип

09/12/2025 21:52

Сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип е во целосен прекин од 19:35 часот, поради сообраќајна незгода, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Засега нема официјални информации за тоа кога патниот правец повторно ќе биде пуштен за сообраќај, ниту за евентуални повредени лица. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со зголемено внимание, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемена опасност од појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ ќе ја информира јавноста доколку дојде до промени во режимот на сообраќај и нормализација на состојбата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!