Од 17:30 часот целосен прекин на сообраќајот на ГП Богородица
14/12/2025 20:20
Сообраќајот на граничниот премин Богородица е целосно затворен за секаков тип возила од 17:30 часот, информираат надлежните служби.
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта во земјава во моментов се одвива непречено, по суви коловози, додека интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин Богородица каде сообраќајот е целосно во прекин.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемена опасност од одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






