АМСМ предупредува: Густа магла на Тетово – Гостивар, девијација кај Ратево поради одрон
30/01/2026 9:06
Од Авто-мото сојуз на Македонија (АМСМ) информираат дека утрово е регистрирана намалена видливост до 70 метри поради магла на патниот правец Тетово – Гостивар.
Дополнително, на регионалниот пат Р1302 Берово – Струмица, кај селото Ратево, сообраќајот се одвива по привремено изработена девијација во должина од 50 метри, поради поголем одрон на патот.
На останатите државни патишта во земјава сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемена опасност од одрони.
Посебна претпазливост се препорачува на делниците: