MKinformer

your daily dose of news

Инцидент по дербито во Охрид: Манасков приведен по физички напад врз тренер на ГРК Охрид

15/12/2025 9:52

ГРК Охрид одигра одличен натпревар и заслужено го совлада актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер со 29:25 во салата „Билјанини извори“. Победата на охриѓани, сепак, беше засенета од инцидент што се случи по завршувањето на средбата.

Како што објави порталот „Охридњуз“, по последниот свиреж дошло до физички напад од страна на крилниот ракометар на Пелистер, Дејан Манасков, врз помошник тренерот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски, за време на меѓусебното поздравување на екипите.

Инцидентот предизвикал тензии, кои подоцна биле смирени во соблекувалните, но случајот бил евидентиран и од полицијата.

Од СВР Охрид информираат дека на 14 декември 2025 година околу 20:20 часот бил приведен Д.М. (33) од Скопје, ракометен играч на битолскиот клуб, поради физички напад врз помошниот тренер на домашната екипа. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!