Променливо облачно време со магла и температури до 14 степени
19/12/2025 10:13
Денеска над земјава ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви интервали. Во утринските часови на повеќе места ќе има магла, особено во котлините. Во југоисточните региони ќе дува слаб северозападен ветер.
Минималните температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а дневните ќе достигнат меѓу 8 и 14 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и претежно тивко време. На делови од котлината ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до -3 степени, додека максималната ќе достигне околу 8 степени.
Според прогнозата на УХМР, стабилната воздушна маса ќе ја задржи временската состојба тивка и без значителни промени до понеделник, со локална магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот се очекуваат услови за слаб локален дожд, придружен со слаб до умерен јужен ветер.





