MKinformer

your daily dose of news

Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци

29/12/2025 22:36

СВР Куманово, поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С. (63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Според пријавата, на 26 октомври 2025 година, првопријавениот физички ги нападнал своите малолетни деца и сопругата, по што, при неговото приведување, физички нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.

Во исто време, второ- и третопријавениот со свои дејствија ги спречувале полициските службеници при извршување на службената интервенција.

По целосно документирање на случајот, против осомничените се поднесени соодветни кривични пријави, а натамошната постапка е во надлежност на обвинителството.

error: Содржината е заштитена од копирање !!