MKinformer

your daily dose of news

Екстремно студено утро во Македонија: -13°C во Берово, дневни до 6°C

02/01/2026 11:05

Утрово во Македонија беа измерени многу ниски минимални температури, при што најстудено беше во Берово со -13 степени. Во Скопје-Петровец и Струмица се измерени -11°C, во Битола -10°C, додека во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија температурата се спушти до -9°C.

Во Штип, Демир Капија и Кавадарци се измерени -8°C, -7°C во Охрид, -6°C на Попова Шапка, -5°C во Претор, Виница и Крушево, како и -4°C во Маврови Анови.

🌥️ Прогноза за денеска

Како што соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремени сончеви периоди. Попладне, претежно во западните делови, се очекува повремен локален дожд, додека на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места и засилен јужен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 6 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и студено, со умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 3°C.

error: Содржината е заштитена од копирање !!