MKinformer

your daily dose of news

Студено утро во Македонија: Берово најстудено, Попова Шапка со најмногу снег

20/02/2025 9:45

Утрово најстудено е во Берово со -14 степени, додека најмногу снег има на Попова Шапка – 32 сантиметри.

До 8:30 часот измерени се -13 степени на Попова Шапка и во Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 во Струмица, Виница, Претор и Кавадарци, -6 во Охрид и -4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 8 сантиметри во Маврови Анови и еден сантиметар во Крушево. Во текот на денот, времето ќе биде сончево со слаб ветер, претежно од северен правец.

Максималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со слаб северозападен ветер, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!