Трамп тргна за Давос, се обраќа во 14.30 часот ВИДЕО ВО ЖИВО ОД ОБРАЌАЊЕТО
21/01/2026 15:51
Авионот на американскиот претседател Доналд Трамп, познатиот „Ер Форс Уан“, бил принуден да се врати во Соединетите Американски Држави кратко по полетувањето кон Швајцарија, поради мал електричен проблем, објавија американските медиуми.
Трамп бил на пат кон Светски економски форум во Давос, кога авионот превентивно го прекинал летот. Од Белата куќа информирале дека станува збор за технички проблем од помал обем и дека безбедноста на претседателот во ниту еден момент не била загрозена.
Иако првично не беше јасно дали Трамп ќе продолжи со патувањето, американските медиуми кратко потоа објавија дека тој се качил на друг авион и сепак се упатил кон Давос, каде што треба да учествува на форумот.
Според официјалната агенда, Трамп во Давос ќе има посебно обраќање закажано за 14:30 часот по средноевропско време, кое веќе привлекува големо внимание на меѓународната јавност.
Настапот на Трамп на Светскиот економски форум се очекува со зголемен интерес, особено поради неговите неодамнешни изјави и закани дека „на овој или оној начин“ САД би можеле да ја преземат контролата врз Гренланд, што предизвика реакции и тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници.
Светската јавност внимателно ги следи сигналите од Давос, каде што се очекува Трамп да даде насоки за идните потези на САД во надворешната политика и глобалната економија.






