MKinformer

your daily dose of news

„Безбеден град“ во полна примена: Ова се цените на казните

27/01/2026 9:04

Во рамки на проектот „Безбеден град“, Министерство за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците кои автоматски се евидентираат преку сообраќајните камери и за санкциите што следуваат, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на сообраќајните незгоди.

🚗 Пречекорување на брзина во населено место

(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со сообраќаен знак)

  • до 10 km/h над дозволеното – 15 евра

  • од 10 до 30 km/h – 50 евра

  • од 30 до 50 km/h – 300 евра и забрана за управување од 3 до 12 месеци

🛣️ Пречекорување на брзина надвор од населено место

(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h останати патишта)

  • до 30 km/h над дозволеното – 20 евра

  • од 30 до 50 km/h – 50 евра

  • од 50 до 70 km/h – 300 евра и забрана за управување од 3 до 12 месеци

🚦 Поминување на црвено светло

  • 250 евра глоба

  • забрана за управување од 3 до 12 месеци

🅿️ Непрописно запирање и паркирање

(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)

  • глоби од 25, 40, 150 и 180 евра, во зависност од видот и тежината на прекршокот

🚘 Управување со нерегистрирано возило

(без важечка сообраќајна дозвола или регистарски таблички)

  • 500 евра глоба

  • ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 евра

⏳ Намалување на санкциите

  • доколку глобата се плати во рок од 8 дена, се плаќа 50% од износот

  • ако е изречена и забрана за управување, таа се извршува во половина од пропишаниот рок

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, бидејќи целта на проектот „Безбеден град“ не е казнување, туку заштита на животите и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

error: Содржината е заштитена од копирање !!