MKinformer

your daily dose of news

Девојче (10) тешко повредено од заталкан куршум во двор во скопско Глумово

01/02/2026 14:52

Десетгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако било погодено од заталкано зрно во двор од куќа во селото Глумово, скопско, информираат од СВР Скопје.

Настанот бил пријавен на 31 јануари 2026 година околу 16:00 часот, кога во СВР Скопје било доставено известување дека во двор од семејна куќа во Глумово девојчето било погодено во пределот на ногата од заталкано зрно.

По инцидентот, повреденото дете било итно пренесено во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје, каде од страна на лекарите биле констатирани тешки телесни повреди.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, со цел утврдување на сите околности под кои дошло до повредувањето.

Надлежните повторно апелираат на внимателно и одговорно ракување со огнено оружје, со цел спречување на вакви опасни и трагични настани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!