MKinformer

your daily dose of news

Министерство за здравство: Немаме надлежности за научната студија со мозочни примероци

03/02/2026 18:41

Министерството за здравство соопшти дека нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачка дејност поврзана со научната студија за мозочни примероци, која се реализирала меѓу Институт за судска медицина и Македонска академија на науките и уметностите.

Од Министерството информираат дека од Медицински факултет – Скопје биле известени оти научно-истражувачката работа што вклучува биолошки материјал со генетски карактеристики е предмет на строго нормативно регулирање. Таквите активности се спроведуваат согласно Законот за научно-истражувачка дејност, Правилникот за клинички испитувања, како и упатствата за трансфер, транспорт, пакување и обележување на биолошки материјали.

Во соопштението се потенцира и дека во посочениот период законската обврска за чување на релевантната документација изнесувала 15 години, додека од 2018 година наваму рокот е продолжен на 25 години.

Министерството дополнително појаснува дека постапката за транспорт на ткива во тој временски период вклучувала повеќе задолжителни чекори: информирана согласност од семејството, одлука од етичка комисија за истражување кај луѓе, како и дозвола за извоз на ткива издадена од тогашното Биро за лекови. Во дозволата, прецизно се наведувало дека материјалот е наменет исклучиво за научно-истражувачка дејност и за кои цели ќе се користи.

Кога станува збор за извоз на биолошки материјал, од Министерството нагласуваат дека неопходно е да постои формален договор или меморандум меѓу домашните и странските научни институции. Во ваквите документи детално се утврдуваат протоколите за земање, транспорт, прием и понатамошно постапување со биолошкиот материјал, како и јасно дефинирана целта на истражувањето, во согласност со важечката регулатива.

ШТО НАВИСТИНА СТОИ ЗАД ТВРДЕЊАТА: Македонија спомната во научно истражување за мозоци, не во „продажба“ во случајот Епстин

error: Содржината е заштитена од копирање !!