MKinformer

your daily dose of news

154 години од раѓањето на Гоце Делчев, визионерот и срцето на револуционерна Македонија

04/02/2026 14:27

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најзначајните македонски револуционери и визионери, кој уште пред повеќе од еден век ја сфатил суштината на светот како простор за културен натпревар и заемно почитување меѓу народите.

Во националната меморија на македонскиот народ, кукушанецот Гоце Делчев останува врежан како еден од најголемите македонски национални херои, кој го трасираше патот кон македонската државност, слобода и самобитност. Со својата револуционерна мисла, организациски способности и длабока посветеност на народната кауза, тој стана симбол на борбата за правдина и достоинство.

Уште додека бил жив, народот го овековечил со зборовите „апостолот и срцето на револуционерна Македонија“, признавајќи ја неговата клучна улога во македонското револуционерно движење. Делчев не се борел само со оружје, туку и со идеи, образование и морални вредности, верувајќи дека слободата е пред сè духовна и културна категорија.

Неговите мисли и пораки и денес одекнуваат како силен повик за единство, солидарност и верба во Македонија. Делото и визијата на Гоце Делчев остануваат трајна инспирација за генерациите што доаѓаат и темел на македонскиот идентитет.

error: Содржината е заштитена од копирање !!