MKinformer

your daily dose of news

Прв ден на ЗОИ 2026: Златo за Норвешка, Италија, Шведска и Јапонија, пад на фаворитите

08/02/2026 0:02

Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026 започнаа со возбудливи натпревари и пет доделени комплети медали, при што до златни одличја стигнаа Швајцарија, Шведска, Норвешка, Италија и Јапонија.

Норвежанката Ана Одине Стром го освои златниот медал во скијачките скокови на малата скокалница. Таа беше лидер уште по првата серија и триумфираше со вкупно 267,3 поени (136,9 и 130,4 метри). Големата фаворитка, Словенечката Ника Превц, се задоволи со сребро (266,2), додека бронзата ѝ припадна на Јапонката Нозоми Марујама.

Во сноуборд дисциплината „big air“, јапонскиот сноубордер Кира Кимура го освои златото со 179,5 поени по три обиди, што е негово прво олимписко злато во кариерата. Среброто отиде кај неговиот сонародник Рема Кимата, а бронзата кај Кинезот Су Јуминг.

Италија го прослави своето прво злато на домашните Игри благодарение на брзо-лизгачката Франческа Лолобриџида, која победи на 3.000 метри со време од 3:54.28, поставувајќи нов олимписки рекорд. Таа зад себе ги остави Норвежанката Рагне Виклунд и Канаѓанката Валери Малте.

Во скијатлонот доминираше Шведската Фрида Карлсон, која со време од 53:45.2 минути стигна до златниот медал. Нејзината сонародничка Еба Андерсон беше втора, а бронзата ја освои Норвежанката Хајди Венг.

По првиот ден од Олимпијадата во Италија, Игрите веќе донесоа рекорди, изненадувања и силни емоции, најавувајќи спектакуларно продолжение на натпреварите во Милано и Кортина д’Ампецо.

error: Содржината е заштитена од копирање !!