Перински назначен за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
09/02/2026 22:37
Златко Перински преку објава на својот Фејсбук профил информираше дека е назначен за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Перински упати јавно благодарење до Извршниот комитет на партијата, како и до претседателот Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и поддршка при неговото именување.
„Продолжуваме со градска визија, урбан пристап и целосна посветеност кон резултати“, напиша Перински, нагласувајќи дека фокусот на неговото делување ќе биде насочен кон конкретни политики и решенија за Скопје.
Назначувањето на Перински доаѓа во период на внатрепартиска консолидација и подготовка за претстојните политички процеси, при што од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат засилена активност на локално и градско ниво.





