MKinformer

your daily dose of news

Ја бутнале од велосипед и ја ограбиле-59-годишна прилепчанка доживеала хорор

16/02/2026 14:18

Педесет и деветгодишна жена од Прилеп била нападната и ограбена додека управувала со велосипед во близина на локалитетот Маркови Кули.

Според информациите, инцидентот се случил вчера попладне, кога 59-годишната С.Д. додека возела велосипед била пресретната од две лица. Едно од нив ја турнало, по што второто лице физички ја нападнало.

Во нападот ѝ била одземена чантата во која имала пари. По настанот, жената успеала да се опорави од претрпениот шок.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителите, а во тек е и истрага за целосно расчистување на сите околности поврзани со случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!