MKinformer

your daily dose of news

ЕВЕ КОГА ЛУКА ДОНЧИЌ КОНЕЧНО ЌЕ ЗАИГРА ЗА ЛЕЈКЕРС

10/02/2025 10:51

Tренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот на дебито на Лука Дончиќ.

„Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на Лејкерс, изјави тренерот“, на официјалниот сајт на НБА.

Лос Анџелес лејкерс на 2 февруари го објавија трансферот на 25-годишниот словенечки кошаркар.

Оваа сезона Дончиќ има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,9 асистенции по натпревар. Дончиќ во текот на својата кариера пет пати учествуваше на Ол-стар во НБА лигата. Во Лејкерс, Дончиќ дојде од Далас маверикс.

error: Содржината е заштитена од копирање !!