MKinformer

your daily dose of news

ФФМ со остар демант до Фуркан Салиу: „Нема наредба за знамиња, ниту полициска бруталност“

22/02/2026 13:07

Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) најостро ги демантира наводите изнесени во јавноста од новинарот Фуркан Салиу, поврзани со натпреварите ФК ВардарФК Башкими и ФК Шкендија АрачиновоФК Преспа.

Од Федерацијата категорично тврдат дека ниту ФФМ, ниту претседателот Масар Омерагиќ побарале или издале каква било наредба за отстранување на албански знамиња на натпреварот Шкендија Арачиново-Преспа. Таквите тврдења ги оценуваат како „целосно неточни“ и како обид за создавање политичка позадина каде што, според нив, не постои.

Во однос на обвинувањата за наводна употреба на сила од страна на полицијата на натпреварот Вардар-Башкими, од ФФМ истакнуваат дека тие се тенденциозни и злонамерни. Напротив, како што наведуваат, припадниците на Министерство за внатрешни работи (МВР) постапувале професионално и коректно, и покрај тоа што биле вербално и физички нападнати од лица од раководните структури на клубот од Куманово.

Федерацијата посочува дека извртувањето на фактите и пласирањето неточни информации не придонесува кон јавниот интерес, туку создава поделби. Во соопштението се нагласува дека доколку има нејаснотии, вратите на ФФМ се отворени за увид во официјалната видео документација.

Од таму додаваат дека немаат намера да водат јавни медиумски препукувања, но најавуваат можност за правни чекори доколку продолжат, како што велат, невистинитите и клеветнички наводи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!