(ВИДЕО) ФФМ СО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СУДИСКИТЕ ОДЛУКИ И ИНЦИДЕНТОТ ВО ФИНИШОТ НА НАТПРЕВАРОТ ВАРДАР-БАШКИМИ
22/02/2026 12:36
Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со официјално соопштение по натпреварот од 19. коло во Првата МФЛ меѓу ФК Вардар и ФК Башкими, во кое ги појаснува судиските одлуки и случувањата во финишот од средбата.
Според ФФМ, во 87. минута од натпреварот бил доделен директен црвен картон за играчот со број 3 од гостинската екипа, поради плукање кон судијата. Главниот судија се наоѓал на околу еден метар од инцидентот и јасно го забележал прекршокот, по што без двоумење покажал директен црвен картон.
Од Федерацијата посочуваат дека одлуката била потврдена и од ВАР-судиите, врз основа на јасен видео-доказ.
Во продолжение на инцидентот, претходно исклучено службено лице од клупата на ФК Башкими недозволено влегло на теренот и започнало конфронтација со фудбалерот на Вардар, Бобан Николов. Според ФФМ, ваквото однесување е крајно неспортско, особено имајќи предвид дека лицето било исклучено во првото полувреме и немало право да влезе во игралиштето.
Федерацијата наведува дека причината за конфронтацијата произлегува од недозволивото однесување на играчот со број 3, како и од влегувањето на исклученото службено лице. Николов, како што се посочува, бил дисциплински санкциониран со жолт картон.
Во интерес на транспарентноста, од ФФМ информираат дека претставник на ФК Башкими може во секое време да го посети ВАР-центарот на Федерацијата и да го прегледа видео-материјалот и комуникацијата меѓу судиите.
Дополнително, од ФФМ појаснуваат дека натпреварот бил продолжен за 10 минути поради изгубено време, а прикажаното надополнување од +18 минути на ТВ екраните било резултат на техничка грешка на продукцијата.





![Победа за Македонија: Македонската фудбалска репрезентација се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022 Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)
