Артан Груби добил куќен притвор по препорака на МВР и АНБ: Јавното обвинителство се правда
24/02/2026 12:21
По реакциите во јавноста за мерката куќен притвор определена за поранешниот вицепремиер Артан Груби во предметот „Државна лотарија“, со став се огласи Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Од Обвинителството посочуваат дека одлуката за предложената мерка е донесена исклучиво врз основа на законските одредби и дека институцијата, како самостоен орган, се води единствено од законските критериуми при предлагање мерки за обезбедување присуство.
Куќниот притвор е притворска мерка
Според нив, куќниот притвор со 24-часовен надзор претставува притворска мерка, иако не се издржува во затворска установа.
— Согласно Законот за кривична постапка, куќниот притвор се смета за притворска мерка кога се исполнети законските услови — наведуваат од обвинителството.
Безбедносна проценка од МВР и АНБ
Како што објаснуваат, предлогот за ваква мерка бил заснован врз информации доставени од Министерство за внатрешни работи и Агенција за национална безбедност, според кои во притворското одделение не може целосно да се гарантира личната безбедност на осомничениот.
Овие наоди биле презентирани пред судијата на претходна постапка, кој ја донел конечната одлука.





