МНР со апел до македонските државјани во Катар, ОАЕ, Кувајт и Бахреин
28/02/2026 15:24
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Катар, Обединети Арапски Емирати, Кувајт и Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини.
Апелот доаѓа во услови на актуелна безбедносна состојба во регионот, при што Министерството потенцира дека континуирано ја следи ситуацијата и навремено ќе ја информира јавноста за сите релевантни информации.
Од Министерството ги потсетуваат граѓаните дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:
📍 Амбасада на Република Македонија во Доха (надлежна и за Кувајт)
Тел: +974 50 173 111
Е-пошта: doha@mfa.gov.mk
📍 Амбасада на Република Македонија во Абу Даби (надлежна и за Бахреин)
Тел: +971 56 441 7532
Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk
📍 Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk
Министерството апелира до сите македонски државјани во наведените земји да останат внимателни и да постапуваат одговорно, следејќи ги безбедносните препораки.



