Над 150 Македонци побарале помош за евакуација од Блискиот Исток
02/03/2026 9:14
Расте бројот на македонски државјани кои се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски граѓани ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби во врска со можностите за евакуација.
Од МНР наведуваат дека со сите пријавени се одржува постојан контакт и доколку се изјаснат за евакуација, ќе се преземат подготвителни активности за нивна евентуална асистенција и безбедно враќање во земјата.
Кризен штаб во функција
Поради актуелната безбедносна состојба, во Министерството од завчера функционира кризен штаб кој е достапен 24 часа дневно за сите информации и поддршка на граѓаните.
„Министерството, преку дежурниот телефонски број и дипломатско-конзуларните претставништва, останува целосно на располагање. Ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи“, информираат од МНР.
📞 Контакти за помош
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
📱 075/273-732
Амбасада во Доха:
📱 +974 50 173 111
Амбасада во Абу Даби:
📱 +971 56 441 7532
Амбасада во Тел Авив:
📱 +972 54 500 8566
📱 +972 54 967 0546
Надлежните апелираат граѓаните редовно да се информираат и да останат во контакт со дипломатските претставништва.




One thought on “Над 150 Македонци побарале помош за евакуација од Блискиот Исток”
Comments are closed.