(КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ)Македонци бараат евакуација од Блискиот Исток: Амбасадите во состојба на готовност
01/03/2026 12:11
Сѐ поголем број македонски граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја на Блискиот Исток побарале помош од дипломатско-конзуларните претставништва и од Министерството за надворешни работи во Скопје.
Како што информираат од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, воспоставен е постојан контакт со сите пријавени лица, а институциите преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и безбедна евакуација, во зависност од развојот на безбедносната состојба.
Амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби во координација
Барања за помош пристигнале во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и на СОС телефонот во Скопје.
Од Министерството апелираат македонските државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот строго да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните безбедносни органи.
Контакт информации за итни случаи
За дополнителни информации и помош, на располагање се следните контакти:
📞 СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
📍 Амбасада на Република С. Македонија во Доха
+974 50 173 111
📍 Амбасада на Република С. Македонија во Абу Даби
+971 56 441 7532
📍 Амбасада на Република С. Македонија во Тел Авив
+972 54 500 8566
+972 54 967 0546
Поради актуелната состојба на Блискиот Исток, за денес во 18:00 часот е свикана и седница на Советот за безбедност, на која ќе се разгледаат можните импликации врз безбедноста на државата.




One thought on “(КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ)Македонци бараат евакуација од Блискиот Исток: Амбасадите во состојба на готовност”
Comments are closed.