MKinformer

your daily dose of news

Хегсет: Иран се обидел да го убие Трамп

04/03/2026 15:47

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека Иран стоел зад обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ова го соопшти на денешната прес-конференција, без да открие дополнителни детали за наводниот обид.

Хегсет посочи дека лицето кое ја предводело единицата што стоела зад обидот за атентат било пронајдено и убиено.

„Исто така вчера, водачот на единицата што се обидела да го убие претседателот Трамп беше пронајден и убиен“, изјави Хегсет.

Тој додаде дека американските власти се свесни за намерата на Иран да го ликвидира Трамп, нагласувајќи дека ситуацијата внимателно се следи од безбедносните служби.

„Иран се обиде да го убие претседателот Трамп. И претседателот Трамп е последниот што се смее“, рече Хегсет, без да појасни кога и на кој начин бил изведен наводниот обид за атентат.

Засега нема официјална реакција од иранските власти во врска со овие обвинувања.

error: Содржината е заштитена од копирање !!