Куче скитник нападна 4 годишно девојче во Битола
07/03/2026 19:21
Четиригодишно девојче било нападнато од куче скитник во Битола, информираат локалните медиуми. Според првичните информации, станува збор за бездомно куче без познат сопственик.
По инцидентот, помош преку социјалните мрежи побарал вујкото на девојчето.
„Ве молам за помош, ако некој го знае бројот на шинтерската служба во Битола. Денес во дворот влезе куче скитник и ми го нападна внучето, 4 годишно“, напишал тој на Фејсбук.

Од прифатилиштето „Хачико“, кое функционира во рамки на Јавното претпријатие „Комуналец“, информираат дека по добиената пријава шинтерската служба веднаш излегла на терен.
Кучето било пронајдено и заловено во напуштен објект во близина на местото каде што се случил нападот.
„Станува збор за куче мешавина од кангал, односно напуштено сопственичко куче за кое сопственикот не е познат. Кучето е транспортирано во прифатилиштето каде ќе биде ставено под ветеринарен надзор и опсервација согласно предвидените процедури“, информираат од прифатилиштето.
Случајот е пријавен и во Агенцијата за храна и ветеринарство, како и во Министерството за внатрешни работи, а надлежните институции ќе постапуваат согласно законските процедури.

![(Фото)ШТО ОБЈАВИЛ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЛИЦЕТО КОЕ СИ ГИ УБИ ВНУКОТ И СИН МУ policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)




